вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Уште една европска земја надмина еден милион заразени со коронавирус

Уште една европска земја надмина еден милион заразени со коронавирус

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Франција денес надмина еден милион, објави Министерството за здравство. Во последните 24 часа во земјата се регистрирани 42.032 нови случаи, со што вкупниот број на заразени достигна 1.041.075, пренесува Ројтерс.

Уште 298 лица починаа, што значи дека бројот на смртни случаи значително се зголеми во споредба со четвртокот, кога беа пријавени 162 жртви на коронавирус. Вкупно 34.508 лица починаа од коронавирус во Франција досега.

Земјата исто така бележи најголемо дневно зголемување на бројот на хоспитализирани лица од почетокот на април, бидејќи бројот на пациенти во болницата скокна за 976 и сега изнесува 15.008 лица. Бројот на пациенти на интензивна нега се зголеми за 122 на 2.441 лице.

Франција е седма земја во светот што пријавила повеќе од милион случаи на коронавирус, по САД, Индија, Бразил, Русија, Аргентина и Шпанија.

Регистрирани се 8,4 милиони случаи во САД, 7,8 милиони во Индија, 5,3 милиони во Бразил и 1,5 милиони во Русија. Аргентина и Шпанија пријавија повеќе од милион инфекции со коронавирус.

Коронавирус