среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 158
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Уште еден обид за справување со хуманитарната криза во Јемен

Уште еден обид за справување со хуманитарната криза во Јемен

Главните донатори и некои од најголемите светски агенции за помош в четврток во Брисел ќе се обидат заеднички да одговорат на неприфатливото попречување од страна на Хутите хуманитарната помош да пристигне до милионите животно загрозени граѓани на Јемен.

На неодамнешната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на ситуацијата во Јемен беше заклучено дека ограничениот пристап до помошта влијае врз 6,7 милиони жители на Јемен.

– Хуманитарните организации мора да работат во опкружување во кое можат да ги поддржат хуманитарните принципи. Ако се најдеме во ситуација опкружување што не спречува во тоа, ќе правиме се што можеме да го смениме тоа, истакна хуманитарниот координатор ОН во Јемен, Лиза Гранде.

Претставниците на СБ на ОН, кои биле испратени во главниот град на Јемен, Сана изјавија дека наишле на голем број проблеми – од доцнење на дозволи до вознемирување и притворање на персоналот.

Висок совет за управување и координација со хуманитарните работи (СЦМЦХА), телото што во ноември минатата година го формираа Хутите објави дека ќе наплаќа два отсто од данокот на буџетските агенции за хуманитарна помош, што доведе до голема загриженост.

– Не сакаме никакви несогласувања со агенциите з за помош. Што се однесува до данокот, тоа не би требало да е нешто лошо во обезбедувањето средства, кои би ни овозможиле да ја координираме помошта, додека страдаме поради блокадите, изјави раководителот на Секторот за меѓународна соработка на СЦМЦХА, Мане ал Асал.

Борбите во Јемен траат од 2014 година откако Хутите, кои имаат поддршка од Иран, ја соборија владата на претседателот Абд-Рабу Мансур Хади и го зазедоа главниот град Сана и северниот дел од Јемен. Хутите се речиси 30 проценти од населението на Јемен. Додека во 2015 година интервенираше коалиција предводена од Саудиска Арабија, која се обидува да ја врати на власт владата на Хади.

Според податоци на Обединети нации, поради судирите во Јемен околу 3,3 милиони луѓе се раселени, а 24,1 милиони лица односно на две-третини од населението им е потребна хуманитарна помош. Тоа е една од најголемите хуманитарни кризи во светот.