петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 107
home Вести

Уште еден британски министер го напушта кабинетот на Меј поради Брегзит

Уште еден британски министер го напушта кабинетот на Меј поради Брегзит

Британскиот државен министер за универзитетите и наука, Сем Џијма поднесе оставка поради несогласување со планот на премиерката Тереза Меј за Брегзит.

Џијма е шестиот министер од Кабинетот на Меј кој поднесе оставка заради догвоорот за Брегзит. Тој нагласи на Твитер дека нема да го поддржи договорот при гласањето во Парламентот на 11 декември.

– Тој договор не ги штити националните интереси на Велика Британија, напиша Џијма на Фејсбук. Тоа значи дека Велика Британија го губи својот глас и право на вето, додаде тој. Според него, Меј не треба да исклучува можност за втор референдум за членството на Велика Британија во ЕУ.

МИА

Коронавирус