среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 69
home Вести

Уште две лица уапсени во врска со смртта на 39 лица во камион во Англија

Уште две лица уапсени во врска со смртта на 39 лица во камион во Англија

Уште две лица се уапсени во врска со смртта на 39-те лица пронајдени во приколка на камион во југоисточна Англија, соопшти денеска британската полиција.

Во соопштението се посочува дека маж и жена од Варингтон, северозападна Англија, се уапсени под сомнение за убиство и трговија со луѓе.

Возачот на камионот се уште е во притвор под сомнение за убиство.

Телата беа пронајдени во средата во приколката на камион- ладилник во индустриската зона во местото Грејс, на околу 40 километри источно од Лондон. Камионот и приколката со луѓето внатре, по се изгледа, се движеле одделно пред да стигнат до индустриската зона.

Британските медиуми објавија дека жртвите биле кинески државјани, меѓутоа, кинеската амбасада во Велика Британија денеска соопшти дека полицијата сè уште ги проверува идентитетите на жртвите и дека нивната националност сè уште не е утврдена.

Коронавирус