сабота, 25. јуни 2022. Вести денес: 116
home Вести

Уште двајца руски војници признаа вина за напади на цивили

Уште двајца руски војници признаа вина за напади на цивили

Двајца руски војници, Александар Бобикин и Александар Иванов, признаа вината за „прекршување на правилата на војната“ и утрово се појавија на суд. Тие се обвинети за гранатирање на цивилните области на Украина со ракети ГРАД.

Претходно, Вадим Шишимарин, 21-годишен руски војник, вчера призна вина за убиството на невооружен цивил на првото судење за воени злосторства во Украина од почетокот на руската инвазија.

Тој призна дека пукал во 62-годишен маж неколку дена по почетокот на инвазијата. Му се заканува доживотен затвор.

Коронавирус