петок, 30. јули 2021. Вести денес: 112
home Вести

Уште двајца членови од предизборниот тим на Трамп се позитивни на новиот коронавирус

Уште двајца членови од предизборниот тим на Трамп се позитивни на новиот коронавирус

Двајца нови членови на изборниот тим на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои учествуваа во организирање на неговиот митинг во Тулса, Оклахома, тестирани се позитивни за Ковид-19.

– Двете лица беа присутни на митингот, но „носеа маски цело време“, рече Тим Муртауг, портпарол на изборниот тим на претседателот на САД.

Тој додаде дека веднаш на сила стапиле постапките за карантин и откако биле добиени резултатите од анализи.

Неколку часа пред да се одржи митингот во саботата навечер, тимот на Трамп објави дека шест члена се позитивни на новиот коронавирус.

Организацијата на митингот, прв од март, предизвика жестока полемика во јавноста бидејќи многу луѓе изразија загриженост за здравствените последици и непочитување на правилата за социјално дистанцирање.

Коронавирус