сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 92
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Уште 70 лица заразени со коронавирусот во Словенија

Уште 70 лица заразени со коронавирусот во Словенија

Институтот за јавно здравје на Словенија објави дека во земјата се потврдени 70 нови случаи на лица заразени со коронавирусот.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, со овие 70, вкупниот број заразени сега изнесува 632. Од инфицираните со коронавирусот болнички се лекуваат 90 лица, а на интензивна нега се само 22 пациенти.

Како последица од Ковид-19 шест лица починаа.

Словенија е една од државите во светот со најголем број тестирања по глава на жител, па според податоците во земјата досега вкупно за коронавирусот се тестирани 18.369 лица.

Коронавирус