вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 71
home Вести

Уште 21 жртва во конфликтот во Нагорно Карабах

Уште 21 жртва во конфликтот во Нагорно Карабах

Претставници на етничките Ерменци во сепаратистичкиот регион Нагорно-Карабах во Азербејџан денеска изјавија дека во борбите со Азербејџан биле убиени уште 21 војник.

Со тоа, како што пренесуваат странските агенции, вкупниот број на воени жртви на сепаратистите достигна 223 од почетокот на борбите пред осум дена.

Азербејџан повторно го гранатираше Нагорно-Карабах, а претставник на сепаратистите изјави дека бројот на цивилни жртви од почетокот на борбите се искачи на 18.

Азербејџан не ги открива своите воени загуби, но тврди дека загубил 25 цивили. (МИА)

Коронавирус