вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 173
home Вести

Уште 100 мигранти од Либија пристигнаа на островот Лампедуза

Уште 100 мигранти од Либија пристигнаа на островот Лампедуза

Околу 100 мигранти од Либија, кои во текот на ноќта го минале Медитеранот во помали бродови, пристигнаа на југот на Лампедуза.

Британските медиуми наведуваат дека со тоа тие предизвикаа дополнителен товар и притисок врз веќе пренатрупаниот прифатен центар.

Официјални лица потврдија дека дел од мигрантите се спасени на море, додека други успеале да ја избегнат поморската контрола и да стигнат до копното.

Мигрантите дошле во Лампедуза на помали бродови и чамци, а на некои од нив се превезувале многу малку луѓе. Со овој последен прилив, бројот на мигранти од Либија кои дојдоа во Лампедуза се зголеми на речиси 1.000. Еден ден претходно, околу 15 бродови со 300 мигранти стигнаа до овој италијански остров, исто така, во текот на ноќта.

Мигрантите биле пренесени во прифатниот центар, што веќе и онака е пренатрупан. Место сто луѓе, што е неговиот максимален капацитет, во моментов во центарот има речиси десет пати повеќе мигранти.

Коронавирус