понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Ураганот Мајкл преминa во трета категорија, се очекува уште да добие на јачина

Ураганот Мајкл преминa во трета категорија, се очекува уште да добие на јачина

Ураганот Мајкл веќе е трета категорија од можни пет според скалата Сафир-Симпсон, соопшти Националниот центар за урагани на САД.

Се очекува Мајкл денеска подоцна да стигне до државата Флорида,  но и да се доближи до четврта категорија.

Во моментов Мајкл е околу 375 километри југоисточно од Апалачикола, Флорида, а неговите ветрови се со брзина од 195 километри на час.