сабота, 22. септември 2018. Вести денес: 53
home Вести

Ураганот Флоренс се доближува до САД: Ветрови од 175 км/час, затворени неколку пристаништа

Ураганот Флоренс се доближува до САД: Ветрови од 175 км/час, затворени неколку пристаништа

Ураганот Флоренс, кој се доближува до источниот брег на САД, ослабна до ураган од втора категорија според скалата на Сафир-Симпсон одс пет степени, соопшти Националниот центар за следење на урагани.

Тој се наоѓа на 520 километри источно-југоисточно од летувалиштето Мартл бич во Јужна Каролина со максимална брзина на ветрови од 175 километри на час.

Невремето се движи кон северозапад со брзина од 28 километри на час, соопшти Центарот, а властите во Јужна и Северна Каролина затворија неколку пристаништата.

Американскиот претседател Доналд Трамп  повтори дека безбедноста на американските граѓани му е на прво место.

– Не жалиме за трошоците. Ние сме целосно подготвени, рече Трамп и додаде дека Флоренс би можел да биде „еден од најсилните урагани кои некогаш го погодиле источниот брег“.

Според американската Национална метеоролошка служба, повеќе од десет милиони жители во три американски држави се предупредени на опасноста од ураганот Флоренс.

МИА