четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 85
home Вести

Ураганот Даглас се заканува на Хаваи

Ураганот Даглас се заканува на Хаваи

Силниот ураган од трета категорија Даглас, со брзина на ветрот од 190 километри на час преку Тихиот океан, се очекува да погоди делови од Хаваите овој викенд, објави Националниот центар за урагани.

Даглас може да биде првиот ураган што ќе ги погоди САД среде пандемија на коронавирус, што ќе ги отежни безбедносните планови на властите во државата.

Се очекуваат обилни дождови, проследени со големи бранови и силен ветер.

Локалните власти на Хаваите работат на подготовки за итни случаи, особено засолништа за луѓето што ќе мораат да ги напуштат своите домови, а процесот е компликуван од потребата за физичко растојание поради коронавирусот, што значи дека секое засолниште треба да има многу повеќе простор.

Коронавирус