сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 106
home Вести

Употребата на експериментални антитела ќе служи за борба против Ковид-19

Употребата на експериментални антитела ќе служи за борба против Ковид-19

Употребата на експериментални антитела ќе служи за борба против Ковид-19, бидејќи група волонтери немаше никакви негативни последици по тестирањето.

ГлаксоСмитКлајн и Вир биотехнологија во август почнале со тестирање на антитела кај пациенти кои заболеле од корона, во обид да спречат развој на болеста. Различни компании тестираат антивирусни лекови за борба против пандемијата.

Во извештајот се наведува дека по тестирањето на лекот на 20 пациенти во САД, се планира да се прошират тестовите на 1.300 луѓе ширум светот. Половина од пациентите ќе добијат плацебо лекови, а другата половина ќе земаат лек.

Резултатите, најверојатно, ќе бидат готови на крајот на годината, а ефективноста на тој вид третман ќе се знае најдоцна во првиот квартал од следната година. (МИА)

Коронавирус