сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 46
home Вести

Уништени околу 15 милиони дози на вакцината на „Џонсон и Џонсон“ поради фабричка грешка

Уништени околу 15 милиони дози на вакцината на „Џонсон и Џонсон“ поради фабричка грешка

Околу 15 милиони дози на вакцината против коронавирус на „Џонсон и Џонсон“ се уништени поради фабричка грешка во САД, објави „Њујорк тајмс“. Фармацевтскиот гигант соопшти дека идентификувал серија дози во фабрика во Балтимор водена од Emergent BioSolutions што не ги исполнувале стандардите за квалитет, но не ја потврдиле точната бројка.

„Квалитетот и безбедноста продолжуваат да бидат наш врвен приоритет“, велат од компанијата.

Администрацијата за храна и лекови соопшти дека е запознаена со ситуацијата, но одби да даде коментар.

„Џонсон и Џонсон“ соопштија дека испраќаат експерти за контрола, насочување и одржување на целото производство на вакцини што ќе овозможи да испорача дополнителни 24 милиони дози во април.

Фабриката „Emergent BioSolutions“ се уште не добила дозвола од американските регулатори за производство, но американските медиуми објавија дека се очекува да произведе десетици милиони дози во блиска иднина.

Американскиот претседател Џо Бајден официјално објави во март дека владата ќе купи уште 100 милиони дози вакцина против Ковид-19 од таа компанија. Со дополнителните 100 милиони дози од Џ/Џ, администрацијата сака да се осигура во случај на проблеми со производството со Фајзер и со Модерна.

Коронавирус