недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 93
home Вести

Уништена голема станбена зграда во Газа

Уништена голема станбена зграда во Газа

Израел трупа копнени сили долж границата со Газа, а Хамас изврши ракетен напад врз јужен Израел, додека траат најжестоките судири во неколку изминати години.

Во Тел Авив во текот на ноќта се огласија сирени, а звукот на ракети соборени со израелскиот антиракетен систем „Железна купола“ го исполни небото додека илјадници Израелци бегаа за да пронајдат засолниште, пренесува Хина.

Израел извршуваше воздушни напади врз палестинската крајбрежна енклава до зори, уништувајќи шесткатна станбена зграда среде градот Газа.

Додека светските сили ги повторуваат повиците за смирување, бранот насилство меѓу Евреите и арапското малцинство продолжува да се шири во неколку израелски градови со напади врз синагоги и арапско-еврејски судири на улиците.

Најмалку 72 лица, вклучувајќи 17 деца, се убиени во Газа од ескалацијата на насилството во понеделникот, соопшти Министерството за здравство на енклавата. Седум лица беа убиени во Израел, соопшти израелската војска.

ЕУРО 2020

Македонија