вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 138
home Вести

УНИЦЕФ: Уште 150 милиони деца погодени од сиромаштија поради пандемијата

УНИЦЕФ: Уште 150 милиони деца погодени од сиромаштија поради пандемијата

Како резултат на пандемијата со коронавирусот и карантинските мерки, уште 150 милиони деца се погодени од сиромаштија, се наведува во анализите на УНИЦЕФ и „Спасете ги децата“.

Од почетокот на пандемијата, има 15 отсто пораст на бројот на деца кои живеат во сиромаштија во земјите со среден и низок приход, со што вкупниот број достигнува околу 1,2 милијарди, соопшти организацијата.

Во извештајот се наведува дека најсиромашните деца во светот стануваат уште посиромашни и предупредува дека ситуацијата ќе се влоши во наредните месеци.

„Она што најмногу не загрижува е тоа што сме поблиску до почетокот на оваа криза отколку до нејзиниот крај“, нагласи Хенриета Форе извршна директорка на Уницеф.

Агенциите ги повикаа владите брзо да ги прошират системите за социјална заштита, пристапот до здравствена заштита и можностите за учење на далечина.

„Децата кои ќе го изгубат образованието, најверојатно ќе бидат принудени на детски труд или ран брак и ќе бидат заробени во круг на сиромаштија со години“, рече извршната директорка на „Спасете ги децата“ Ингер Ашинг.

Истражувањето ги анализирало податоците од повеќе од 70 земји за тоа дали децата се лишени од образование, медицина, домување, храна, санитарни услови и вода.

Коронавирус