сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 31
Во живо

Протест во Скопје – „Оставка на Заев, слобода на народот“

home Вести

УНИЦЕФ ќе им помага на жртвите на семејно насилство во Мексико

УНИЦЕФ ќе им помага на жртвите на семејно насилство во Мексико

Фондот за деца при Обединетите Нации (УНИЦЕФ) ќе финансира хотелско сместување за жени и деца во Мексико кои се жртви на семејно насилство, почнувајќи од септември.

Програмата има за цел да го спречи семејното насилство, за кое се смета дека е влошено со воведување на мерките за карантин поради пандемијата на коронавирусот.

Во соопштението на УНИЦЕФ не се наведува колку лица ќе бидат опфатени со програмата, ниту колку соби во хотелите ќе бидат наменети за жените и децата кои трпат семејно насилство во Мексико.

Според официјалните податоци, во Мексико минатиот месец се поднесени речиси 19.000 пријави поради семејно насилство, што е за 4.000 повеќе од април.

Меѓутоа, се претпоставува дека бројот на жртвите на семејно насилство е многу поголем отколку што покажуваат официјалните податоци. (MИА)

Коронавирус