среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 65
home Вести

УНХЦР бара од ЕУ земји да престанат со протерување бегалци

УНХЦР бара од ЕУ земји да престанат со протерување бегалци

Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) денеска ги повика европските земји да почнат истрага и да го запрат протерувањето и присилното враќање на бегалците и барателите на азил на морските и копнените граници, што во последно време станаа се позачестено, се наведува во соопштението на организација.

Агенцијата на ОН предупредува дека институцијата азил стана цел на напади на европските граници и повика на прекинување на присилното враќање и употребата на сила врз барателите на азил и бегалците.

-УНХЦР постојано добива серија извештаи за тоа како некои земји во Европа го ограничуваат пристапот до азил, враќаат луѓе по влегувањето на нивната територија или територијалните води и употребуваат сила против нив на границите, изјави заменичката на Високиот комесар на УНХЦР за заштита на бегалците Џилијан Тригс.

Според извештајот на УНХЦР, мигрантите кои пристигнуваат по копно, исто така, се неформално притворани и присилно враќани во соседните земји, без да се земат предвид нивните потреби за меѓународна заштита.

УНХЦР потсетува на Конвенцијата за бегалци од 1951 година, Европската конвенција за човекови права и законот на ЕУ со кои се бара од државите да го штитат правото на барателите на азил и нивното право на заштита од присилно протерување, дури и кога таквиот влез на територијата е нерегуларен.

-Почитувањето на човечките животи и правата на бегалците не е избор, туку законска и морална обврска. Додека земјите имаат легитимно право да управуваат со своите граници во согласност со меѓународното право, тие, исто така, мора да ги почитуваат човековите права. Враќањето назад едноставно е незаконско, рече Тригс.

ЕУРО 2020

Македонија