петок, 16. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Унгарските власти ги повикаа граѓаните да веруваат во кинеската вакцина на Синофарм

Унгарските власти ги повикаа граѓаните да веруваат во кинеската вакцина на Синофарм

Унгарските власти пред утрешниот старт на имунизација со кинеската вакцина против Ковид-19, Синофарм, ги повикаа граѓаните да веруваат во вакцините.

Унгарскиот државен секретар Иштван Џорџи најави дека лекарите од општа пракса ќе имаат на располагање по 55 дози вакцина на Синофарм, која треба да ја примат највозрасните лица. Тој додаде дека кинеската вакцина неделава ќе ја примат 275.000 граѓани.

– Сите вакцини достапни во Унгарија се безбедни и можат да пружат заштита против вирусната инфекција, посочи Џорџи.

Унгарија ќе биде прва земја во Европска Унија во која граѓаните ќе се вакцинираат со Синовак. Анкетите покажуваат дека Унгарците имаат мала доверба во вакцината на Синовак.

Коронавирус