среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Унгарскиот заменик министер за правда поднесе оставка поради сомневање за корупција

Унгарскиот заменик министер за правда поднесе оставка поради сомневање за корупција

Унгарскиот заменик министер за правда Пал Волнер денеска поднесе оставка откако Обвинителството објави дека е осомничен за примање мито и други дела.

Веднаш штом Обвинителството побара да му се одземе пратеничкиот имунитет на Волнер, тој објави дека ги напушта сите политички функции, иако негираше дека е виновен.

Претходно денеска, Обвинителството соопшти дека Волнер, член на владејачката партија Фидес, бил под истрага за примање мито од претседателот на унгарската Комора на правосудни службеници, во износ од два до пет милиони унгарски форинти (помеѓу 5.450 и 13.650 американски долари).

Волнер, кој беше државен секретар на Министерството за правда од 2019 година, е осомничен за злоупотреба на службената положба за лична корист со примањето поткуп од претседателот на Комората.

Коронавирус