среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 169
home Вести

Унгарскиот министер за внатрешни работи поставен за шеф на Генералниот директорат на националните болници

Унгарскиот министер за внатрешни работи поставен за шеф на Генералниот директорат на националните болници

Унгарската влада вчера донесе уредба со која министерот за внатрешни работи Шандор Пинтер го нанзачи на чело на новоформираниот Генерален директорат на националните болници.

Во согласност со уредбата Пинтер ќе биде одговорен за управување и надзор со работата на ова оперативно тело за координирање на одговорот на епидемијата на коронавирусот и ќе предлага организациски и оперативни правила за работа што мора да бидат одобрени од премиерот Виктор Орбан, јави МТИ.

Унгарскиот премиер, исто така, со уредбата го назначи Золтан Јане за извршен директор на Генералниот директорат на националните болници.

Коронавирус