четврток, 2. декември 2021. Вести денес: 172
home Вести

Унгарија се подготвува да потпише нов 15-годишен договор со Гаспром

Унгарија се подготвува да потпише нов 15-годишен договор со Гаспром

Новиот долгорочен договор со Гаспром за испорака на руски природен гас во Унгарија може да биде потпишан оваа есен, со што ќе се зголеми енергетската безбедност на земјата, изјави унгарскиот министер за надворешни работи и надворешно -економски односи на Унгарија Петер Сијарто на заедничка со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

– Нашиот долгорочен договор за снабдување со природен гас од Русија наскоро завршува и ние сме подготвени да склучиме нов долгорочен договор со Гаспром, рече тој.

– Сега сме во завршна фаза на подготовка на овој документ, а во понеделник во Санкт Петербург ќе разговараме за конечните детали со извршниот директор на Газпром, Алексеј Милер. Мислам дека наесен ќе можеме да потпишеме 15-годишен долгорочен договор со добри, прифатливи услови за да се обезбеди енергетска безбедност на земјата, посочи Сијарто.

Коронавирус