четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Унгарија ќе купува оклопни возила од Турција

Унгарија ќе купува оклопни возила од Турција

Унгарија ќе купи оклопни возила од турско производство, со што ќе стане првата членка на ЕУ, чија армија ќе биде опремена со воена техника произведена во Турција, објави весникот „Сабах“.

Весникот посочува дека со ова Унгарија ќе биде шеста земја во светот чии Вооружени сили ќе ги користат турските оклопни возила „Ејдер Јалчин 4х4“ и втора опремена со „Јорук 4х4“.

Двата типа оклопни возила се произведуваат во турската компанија „Нурол Макина Санаји“ (НМС).