четврток, 6. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Унгарија испраќа астронаут во вселената во 2024 година

Унгарија испраќа астронаут во вселената во 2024 година

Унгарија планира да испрати астронаути во вселената во 2024 година, изјави министерот за надворешни работи на таа држава, Петер Сијарто. Изјавата ја даде на конференција на Европската вселенска агенција во Севиља.

Сијарто нагласи дека вселенската индустрија станува една од најважните индустрии.

– Тоа ќе биде уште една можност за Унгарија да се развива и да оди напред, како и да се фокусираме на тренинг на вториот унгарски австронаут кој ќе биде испратен на МВС, што е реално изводливо во 2024 година, во соработка со рускиот Роскосмос, рече Сијарто.

Коронавирус