сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 40
home Вести

Умерен земјотрес во Гватемала

Умерен земјотрес во Гватемала

Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала ноќеска ја потресе Гватемала, соопшти геофизичкиот институт на САД.

Според мексиканскиот институт за геофизика, интензитетот на земјотресот бил 5,8 степени.

Епицентарот на потресот бил 67 километри југозападно од главниот град Гватемала, на длабочина од 100 километри, во близина на тихоокеанскиот брег, на 18,7 километри од Ескуинтла – регион кој се наоѓа во подножјето на вулканот Фуего, кој еруптира пред две недели при што загинаа многу луѓе.

Засега нема извештаи за повредени лица или причинета материјална штета.

Во меѓувреме, властите на Гватемала вчера соопштија дека ја прекинуваат потрагата по околу 200 лица, кои се водат како исчезнати при ерупцијата на вулканот Фуего.

МИА

Коронавирус