четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 185
home Вести

Украинската полиција вршеше претреси во домови на руски свештеници

Украинската полиција вршеше претреси во домови на руски свештеници

Украинската полиција спроведе претреси во домовите на неколку свештеници на Руската православна црква во повеќе украински градови.

Полицијата информира дека извршени се претреси на осум локации во Киев и регионот Житомир, во рамки на истрагата за ширење омраза и поттикнување насилство.

Според РПЦ, повеќе од 20 нејзините свештеници, исто така, биле повикани на разговор во просториите на Украинската служба за безбедност.

Украинскиот претседател Петро Порошенко вчера изјави дека православните верници ќе можат да одлучат дали ќе се приклучат кон автокефалната Украинска православна црква по нејзиното основање.

-Државата го гарантира уставното право на слобода на вероисповед, вклучувајќи ги и оние кои ќе сакаат да останат во Руската православна црква, рече Порошенко.

Коронавирус