сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 94
home Вести

Украинската национална хероина фатена со лажен сертификат за вакцинација

Украинската национална хероина фатена со лажен сертификат за вакцинација

Украинската национална хероина Надја Савченко, која некогаш беше приведена во Русија, е фатена со лажна потврда за вакцинација против коронавирус во нејзината земја и и се заканува затворска казна.

Савченко (40) е фатена во Киев со лажен сертификат за вакцинација против Ковид-19, изјави денеска министерот за внатрешни работи Денис Монастирски.

Во земјата долетала од Турција со нејзината сестра и сега се соочува со две години затвор.

Савченко беше приведена во 2014 година во борбата против проруските бунтовници во источна Украина и предадена на Русија.

Таму поранешниот професионален војник и пратеничка беше осудена на 22 години затвор, но во 2016 година беше разменета и вратена во Украина. (МИА)

Коронавирус