петок, 5. август 2022. Вести денес: 196
home Вести

Украина тврди дека руски сили оштетиле нуклеарна централа, но нема истекување радијација

Украина тврди дека руски сили оштетиле нуклеарна централа, но нема истекување радијација

Украинската нуклеарна агенција соопшти дека руски проектили оштетиле дел од големата нуклеарна централа што сега е под руска контрола, но дека нема истекување радијација.

Во соопштение се наведува дека еден блок и високонапонскиот далновод се оштетени во нуклеарната централа во Запорожје, најголемата во Европа, лоцирана на југот на Украина, јави Би-Би-Си. Локалните претставници назначени од Русија ја обвинија Украина за гранатирањето.

Украина, исто така, ги обвинува руските сили дека истрелуваат ракети врз цивилни области од локацијата.  (МИА)

Коронавирус