четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 75
home Вести

Украдени 50.000 маски од болнички магацин во Келн

Украдени 50.000 маски од болнички магацин во Келн

Непознати лица украле 50.000 маски за лице од магацин за медицински материјали и заштитна опрема во германскиот град Келн.

Кражбата била забележана вчера утрото од еден од вработените.

– Ова е еден сосема нов тип на кражба. Обично се крадат скапи предмети, но сега и за заштитни маски очигледно постои добар пазар, изјави портпаролката на градските болници, додавајќи оти поради грабежот не би требало да има проблем со обезбедувањето маски за лице.

Градскиот кризен тим им нареди на сите болници во Келн да проверат со каква заштитна опрема располагаат и подобро да се заштитат од потенцијалните кражби.

Коронавирус