вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 147
home Вести

Укинати предупредувањата за цунами по земјотресот во Алјаска

Укинати предупредувањата за цунами  по земјотресот во Алјаска

Предупредувањата за цунами беа укинати на Алјаска и остатокот од Пацификот по силниот земјотрес од 8,2 степени по Рихтер, кој ја погоди сеизмички активната американска федерална држава во доцните часови.

На Алјаска, бранови помалку од 30 сантиметри биле забележани во Сенд Поинт, Олд Харбор, Кинг Коув, Кодиак, Уналаска и заливот Алитак, според американскиот Национален центар за цунами (NTWC).

Во моментов нема извештаи за човечки повреди или материјална штета. Неколку крајбрежни места на Алјаска беа евакуирани по земјотресот.

Американскиот геолошки институт (УСГС) објави дека епицентарот на земјотресот, кој се случи во 22:15 часот по локално време (8:15 часот по средноевропско време), е на длабочина од 35 километри.

Земјотресот се случи на околу 91 милја источно-југоисточно од Перивил, Алјаска. Оддалечено е околу 800 километри од Енкориџ, најголемиот град на Алјаска. По тој земјотрес следеа уште седум послаби потреси, од кои два беа со јачина од над 6,0 степени.

Цунамито не се очекува да биде закана за американските држави Калифорнија, Орегон и Вашингтон и канадската провинција Британска Колумбија, рече Дејв Снајдер, координатор за предупредување за цунами во NTWC.

Коронавирус