четврток, 6. август 2020. Вести денес: 67
home Вести

Укината смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

Укината смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

Американскиот Федерален апелациски суд ја укина смртната казна за Џохар Царнајев, осуден за бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон во 2013 година.

Црнајев е осуден по 30 обвиненија, вклучително и заговор и употреба на оружје за масовно уништување. Тој казната ја издржува во затвор со максимална безбедност во Колорадо.

Неговиот брат Тамерлан Царнајев е убиен во престрелка со полиција неколку дена откако двајцата браќа детонираа две бомби во близина на целта на Бостонскиот маратон. Во нападот извршен на 15 април 2013 година загинаа три лица, а повредени беа повеќе од 260 луѓе. (МИА)

Коронавирус