понеделник, 17. декември 2018. Вести денес: 59
home Вести

Уганда: Во лизгање на земјиштето загинаа најмалку 30 лица

Уганда: Во лизгање на земјиштето загинаа најмалку 30 лица

Во лизгањето на земјиштето во Уганда, предизвикано од поројните дождови загинаа повеќе од 30 лица, јави Би-Би-Си.

Се стравува дека бројот на жртвите може да се зголеми додека владиниот спасувачки тим ќе стигне до областа кај планината Елгон, каде се случи лизгањето на земјиштето.

Надојдената река се излеза од коритото и потоци кал и вода ги поплавија селата во таа област.

Во лизгање на земјиштето во истиот регион, Будуда, во 2010 година загинаа повеќе од 300 лица.

Црвениот крст на Уганда наведе дека се пронајдени 36 тела, но еден локален претставник цитиран од весникот „Дејли Монитор“ соопшти дека досега се пронајдени 40 тела.

– Кога водата надоаѓаше, таа донесе голем број големи камења, кои ги уништија куќите на луѓето, изјави портпаролката на Црвениот крст, Ирина Накасита.

МИА