понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 173
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Училиште во Виена во карантин поради симптоми на коронавирус кај наставничка

Училиште во Виена во карантин поради симптоми на коронавирус кај наставничка

Училиште во Виена е ставено под привремена блокада откако кај наставничка се појавиле симптоми на новиот коронавирус.

Наставничката неодамна престојувала во северна Италија и бидејќи кај неа се појавиле симптоми на новиот вирус наречен Ковид-19 е сместена во карантин. Полицијата донела одлука во карантин да биде и училиштето БГРГ Албертгасе.

Министерството за образование соопшти дека учениците и наставниците ќе бидат тестирани и додека не бидат познати резултатите од тестовите родителите не можат да дојдат да си ги земат децата.

Портпаролката на виенската полиција Ирина Штајрер изјави дека тестирањето е во тек, наведувајќи дека учениците „опуштено“ ја примиле веста дека мора да останат во училиштето.

Исто така, привремено е ограничено и движењето на жителите во околината на училиштето.

Коронавирус