сабота, 29. јануари 2022. Вести денес: 4
home Вести

УБИЛЕ БРЕМЕНА ЖЕНА И 6 ДЕЦА: Членови на сектата „Нова светлина Божја“ осудени на 50 години затвор

УБИЛЕ БРЕМЕНА ЖЕНА И 6 ДЕЦА: Членови на сектата „Нова светлина Божја“ осудени на 50 години затвор

Панамски суд осуди членови на секта на по 50 години затвор за убиство на шест деца и една бремена жена во јануари 2020 година, како дел од ритуалот „демонски егзорцизам“.

– Судот изрече максимална казна од 50 години затвор за секој од седумтемина обвинети од сектата „Нова божја светлина“, се вели во соопштението.

Судот во Чангвинола во североисточна Панама ги прогласи за виновни членовите на сектата дека ги врзувале своите жртви, вклучително и шест деца и млади луѓе на возраст од една до 17 години, пред да ги претепаат до смрт со стапови, Библија и други предмети под изговор дека од нив „протеруваат демони“.

Трудницата, која насилно била одвлечена во објектот на сектата, била убиена пред очите на нејзините пет деца, кои потоа биле претепани до смрт заедно со уште едно малолетно лице.

Неколку очевидци, кои исто така биле повредени во ритуалот, успеале да избегаат и да пријават во полиција.

Коронавирус