вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Убиени се 5.300 лица поради „отпор кон властите” во Венецуела

Убиени се 5.300 лица поради „отпор кон властите” во Венецуела

Владата на Венецуела минатата година регистрирала околу 5.300 убиства при безбедносни операции кои биле спроведени со цел сузбивање на „отпорот кон властите” во земјата, стои во извештај на високата комесарка на ОН за човекови права Мишел Башеле.

Само во првите пет месеци од 2019 година регистрирани се уште 1.569 убиства.

Башеле вели дека за време на операциите се случиле „шокантно голем” број убиства без судски одлуки.

Извештајот на ОН се фокусира се на изминатите 18 месеци и се повикува на податоци на групи за човекови права, жртви, сведоци и други извори.

Башеле исто така повика на разоружување и расформирање на провладините вооружени групи познати како „колективос”.