недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 80
home Вести

Убиена 21- годишната Ла Катрина, озлогласената шефица на најмоќниот мексикански картел (ФОТО+ВИДЕО)

Убиена 21- годишната Ла Катрина, озлогласената шефица на најмоќниот мексикански картел (ФОТО+ВИДЕО)

Озлогласената шефица на најмоќниот мексикански картел, 21- годишната Марија Гвадалупе Лопез Ескивел, позната како Ла Катрина, е убиена во престрелка со војската во Мексико.

Заедно со уште 7 члена на картелот Ла Катрина ги нападнала војската, националната гарда и полицијата, а во болница им подлегнала на повредите.

Објавено е и видео од последните мигови на младата девојка која ја нарекувале и Дамата на смртта.

Во него се гледа ранетата Ла Катрина и мексикански војник кој ѝ вели да издржи додека не дојде хеликоптерот, бидејќи било невозможно да ја префрлат во болница на друг начин поради затворените патишта.

Мексиканските власти соопштија дека покрај тоа што била убиена шефицата на нарко-картелот, исто така биле уапсени и уште шест членови на нејзината банда, а запленета била и огромна количина на муниција и оружје.