петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 107
home Вести

Убиен уште еден од лидерите на Ал Каеда

Убиен уште еден од лидерите на Ал Каеда

Авганистанските власти потврдија дека е убиен регионален водач на терористичката организација Ал Каеда. Тој бил убиен во заедничката американско-авганистанска рација на југот на Авганистан, минатиот месец.

Асим Oмар, шеф на Ал Каеда за индискиот потконтинент бил убиен за 23 септември во операција против талибанците во провинцијата Хелманд.Тој бил убиен заедно со уште шест членови на Ал Каеда, од кои повеќето биле Пакистанци, соопштува авганистанскиот Националниот директорат за безбедност. Од таму додаваат дека Умар имал врски со талибанците. Операцијата се спроведувала со воздушна воена помош од САД. Властите велат дека ќе ги истражат извештаите според кои во нападот биле убиени 40 цивили, меѓу нив и деца.

Американските сили во Авганистан не го коментираат настанот.