сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 57
home Вести

„Убиецот од Твитер“: Правел ужасни работи, а вели дека жртвите се согласиле да бидат убиени

„Убиецот од Твитер“: Правел ужасни работи, а вели дека жртвите се согласиле да бидат убиени

Јапонецот Такахиро Шираиши (29) ги призна убиствата на девет лица кои ги запознал преку социјалната мрежа Твитер, пренесува агенцијата Анадолија.

Тој ги призна убиствата на девет лица на возраст од 15 до 26 години. Шираиши беше уапсен во 2017 година откако во неговиот стан беа пронајдени делови од телата на неговите жртви. Наведе дека цел му биле жени кои би можеле да извршат самоубиство. Осум од неговите девет жртви се жени. Една од жртвите имала само 15 години. Меѓу жртвите е и маж кој го убил затоа што ја барал својата девојка.

Како резултат на петмесечни тестови, во септември 2018 година, Обвинителството заклучи дека Шираиши „бил способен за извршување на сите кривични дела“ и поднесе обвинение за силување, кражба и убиство со умисла.

Шираиши ги прифати сите обвиненија против него и покрај барањето на неговите адвокати за намалување на казната, тврдејќи дека „жртвите се согласиле да бидат убиени“.

-Убиените имаат рани на задниот дел од вратот. Тоа покажува дека тие не се согласиле на тоа. Го сторив тоа за да не даваат отпор, изјави Шираиши за весникот „Маиничи“.

Се очекува пресудата да биде донесена во декември и тој да биде осуден на смртна казна.

Коронавирус