четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Убава, алчна и без милост: Таа е најлошата прва дама во историјата (ФОТО)

Убава, алчна и без милост: Таа е најлошата прва дама во историјата (ФОТО)

Во периодот од 1965 година до 1986 година Имелда Маркос беше првата дама на Филипините. Пред неколку дена таа е осудена за корупција. Повеќе од 30 години се бараше правда на филипинскиот суд, бидејќи поранешниот претседател Фердинанд Маркос заедно со Имелда отуѓи милијарди долари.

Неговата сопруга ќе остане запаметена по безмилосното трошење народни пари, ниту една сопруга на претседател нема потрошено толку пари како неа.

Била многу убава како млада, но без милост кон гладниот народ. Целиот свет се сеќава на „револуцијата без крв“ на Филипините, по што претседателот Маркос и Имелда побегнале на Хаваите.

Имелда зад себе остави 3.000 пара чевли кои подоцна беа изложени во претседателската палата. Во времето кога Филипинците живееја од два долари на ден, Имелда носела скапи чевли, купувала парфеми и мечтаела да ја откупи компанијата Tiffany & Co.

Кога Имелда секој ден би носела други чевли, би биле потребни повеќе од 8 години да ги износи сите кои ги имала додека била прва дама.

Сега 89-годишната Имелда се соочува со затворска казна од најмалку 42 години.

 

Коронавирус