петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 28
home Вести

Уапсено уште едно лице поврзано со смртта на мигрантите во Велика Британија

Уапсено уште едно лице поврзано со смртта на мигрантите во Велика Британија

Уште едно лице обвинето за убиство од небрежност поради смртта на 39 луѓе во камион во близина на Лондон е уапсено, соопшти денеска британската полиција.

Исто така, британската полиција упати апел до двајцата браќа кои се вмешани во случајот да се предадат.

Наводниот возач на камионот, Емон Харисон (23) од Северна Ирска веќе е обвинет по 39 точки за убиство, како и за трговија со луѓе и имиграција.