понеделник, 2. август 2021. Вести денес: 45
Во живо

Изјава на Александар Николоски

home Вести

Уапсени три лица за продажба на бебиња преку Инстаграм

Уапсени три лица за продажба на бебиња преку Инстаграм

Иранската полиција уапсила три лица осомничени за обид за продавање бебиња преку социјалната мрежа Инстаграм, соопшти денеска агенцијата Исна.

-Уапсени се три лица кои сакале да продадат две бебиња, изјави началникот на техеранската полиција, Хосеин Рахими.

Тој прецизираше дека едното бебе било старо само 20 дена, а второт два месеца.

Полицијата ги уапсила лицата откако „продажбата на бебињата ја рекламирале на Инстаграм“. Фотографиите од бебињата биле споделени на 10 до 15 налози од оваа социјална мрежа.

-Бебињата биле купени за 226 до 450 евра, додека биле продавани за 1.800 до 2.250 евра, изјави Рахими, без да даде дополнителни детали.

Тој додаде дека бебињата се предадени на социјалната служба.

Коронавирус