среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 20
home Вести

Уапсени стотици опозициски демонстранти во Пакистан

Уапсени стотици опозициски демонстранти во Пакистан

Пакистанската полиција денеска уапси стотици опозициски приврзаници пред почетокот на закажаниот протест.

Тие бараат оставка на премиерот Имран Кан, што Владата на Пакистан го отфрли бидејќи државата се бори против коронавирусот.

Полицијата соопшти дека се уапсени повеќе од 370 луѓе, додека опозициските лидери тврдат дека тој број е поголем од 1.800 во градот Мултан, каде властите ја прекинале мобилната комуникациска мрежа.

Државните безбедносни сили вчера поставиле контејнери на главните патишта, со цел да го блокираат патот до јавниот парк каде опозицијата планира да го одржи протестот против премиерот.

Меѓутоа, тоа не ги спречи опозиционерите да ги пробијат барикадите и да се судрат со полицијата, по што започнало апсењето.

– Опозицијата се занимава со политика во овие моменти и тоа граѓаните ги чини живот, изјави владината портпаролка Фирдус Ашик Аван.

Досега во земјата од коронавирус починале повеќе од 8.000 луѓе, а 389.000 се заразени.

Коронавирус