четврток, 4. март 2021. Вести денес: 0
home Вести

Уапсени околу 300 малолетници на протестите во Русија

Уапсени околу 300 малолетници на протестите во Русија

Околу 300 малолетници се приведени вчера на протестите кои се одржаа низ Русија, изјави советничката на рускиот претседател за детски права, Ана Кузњецова.

– Според прелиминарните податоци, вкупно се притворени 300 малолетници во различни руски региони. Во Москва таа бројка изнесува околу 70, а во Санкт Петербург околу 30 деца, напиша Кузњецова на својата веб страница.

За време на вчерашните протести во Русија во знак на поддршка на уапсениот опозициски лидер Алексеј Навални, кои властите не ги одобрија, се уапсени над 3.500 луѓе.

Само во центарот на Москва се собраа повеќе од 40.000 демонстранти, кои на тој начин сакаа да му дадат поддршка на Навални.

Коронавирус