вторник, 4. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Уапсени 40 учесници во заложничката криза недалеку од Јоханесбург

Уапсени 40 учесници во заложничката криза недалеку од Јоханесбург

Во полициска операција против вооружените киднапери кои држеа заложници во евангелистичка црква недалеку од Јоханесбург, уапсени се 40 осомничени, а запленети се парчиња 40 оружје.

За време на акцијата на напаѓачите загинале пет лица, а голем број верници беа задржани во црквата, кои подоцна беа ослободени, се вели во полициското соопштение.

Како можен мотив за нападот се спомнува борбата за контрола над црквата помеѓу двете ривалски фракции на пентекосталната евангелистичка црква, јавија локалните медиуми.

Полицијата спроведува интензивна истрага за заложничката криза за да ги утврди вистинските мотиви на напаѓачите. (MИА)

Коронавирус