четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 26
home Вести

Уапсени 101 лице поради криумчарење на уметнички дела

Уапсени 101 лице поради криумчарење на уметнички дела

Во рамки на глобална полициска акција спроведена во 103 земји уапсени се 101 човек и пронајдени се 19.000 украдени археиолошки и уметнички дела, соопшти денеска Европол.

Во операцијата наречена „Атина 2“ разбиена е мрежа за криумчарење на уметнички дела украдени од земјите погодени од војна, но и од музеи и археолошки наоѓалишта. Меѓу пронајдените предмети има монети од различни периоди, керамички предмети, оружје, фосили и слики.

Во акцијата покрај Европол учествуваше и Интерпол, како и полицијата и царината на Авганистан, Шпанија, Колумбија, Аргентина и Литванија.

ЕУРО 2020

Македонија