недела, 9. август 2020. Вести денес: 87
home Вести

Уапсен сопственикот на приватна болница во Бангладеш за издавање лажни тестови за Ковид-19

Уапсен сопственикот на приватна болница во Бангладеш за издавање лажни тестови за Ковид-19

Сопственик на приватна болница во Бангладеш е уапсен за наводна вмешаност во фалсификување илјадници извештаи за тестови за Ковид-19 во неговите здравствени установи во Дака, соопшти денеска полицијата, пренесе ДПА.

-Полициската единица за брзо распоредување (РАБ) во оддалечено село во југозападниот округ Сатхира, на границата со Индија, го уапси Мохамед Шахед, претседател на болницата „Регент“, изјави портпаролот на единицата, потполковник Ашик Белах.

Шахед преку порозната граница се обидувал да пребега во соседна Индија.

-Тој беше во бегство откако неговата болница е затворена на 7 јули, додаде тој.

Деветмина вработени во болницата претходно се уапсени откако истражните органи откриле дека болницата издала најмалку 6.000 лажни извештаи за Ковид-19.

Одземена е и дозволата болницата да изведува тестирања на Ковид-19, бидејќи нејзините извештаи давале лажни индикации дека некои тестирања се позитивни, а други негативни.

Неговите здравствени установи, исто така, собрале и високи давачки од пациентите, прекршувајќи го договорот со владата за лекување на пациентите со коронавирус без трошоци.

Бангладеш соопшти за вкупно 190.057 случаи на коронавирус со 2.424 смртни случаи откако првите случаи беа дијагностицирани на 8 март.

Оваа јужноазиска земја е остро критикувана откако многу патници кои од неа патувале за Италија биле позитивни на Ковид-19 и покрај тоа што носеле извештаи дека се негативни.

Коронавирус