среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 140
home Вести

Уапсен поранешниот претседател на Киргистан, Атамбаев

Уапсен поранешниот претседател на Киргистан, Атамбаев

Поранешниот претседател на Киргистан, Алмазбек Атамбаев е уапсен, соопшти Социјалдемократската партија на Киргистан.

Атанбаев е уапсен, како што наведе полицијата, поради организирање на масовни немири. Тој претходно беше ослободен од куќен притвор. Атанбаев беше претседател на Киргистан од 2011 до 2017 година.

Во меѓувреме, Командата на градот Бишкек воведе полициски час во главниот град од 21 до пет часот. Полицискиот час ќе важи за сите со исклучок на вработените во државните и градските служби кои соработуваат со Командата на градот.

Со мерката се забрануваат собири, протести, дефилеа и демонстрации, како и масовни спортски настани на територијата на градот Бишкек.

Претседателот на Киргистан, Соронбај Женбеков вчера прогласи вонредна состојба во Бишкек и нареди распоредување на војската.

Тој претходни изјави дека е подготвен да поднесе оставка кога ќе се формира нова влада и завршат немирите, што избија по објавување на резултатите од парламентарните избори и упадот на приврзаниците на опозицијата во државните институции.

Женбеков ги повика сите политички сили во земјата да го зачуваатмирот и да ја запрат поделбата на општеството.

Коронавирус