петок, 24. септември 2021. Вести денес: 134
home Вести

Уапсен поранешниот премиер на Киргистан, Темир Сариев

Уапсен поранешниот премиер на Киргистан, Темир Сариев

Одделот за истраги на Државниот комитет за национална безбедност (СХНС) на Киргистан го привела поранешниот премиер Темир Сариев заради случајот со рудникот за злато „Кумтор“, јави агенција Кабар.

Според агенцијата, истрагата утврдила дека Сариев, во својство на министер за економија и претседател на државната комисија, го намалил износот на еколошка штета од работењето на рудникот „Кумтор“ за неколку милијарди соми (националната валута во Киргистан), поради што државата претрпела огромна штета“.

Поранешниот премиер се наоѓа во истражен затвор. Истражните дејствија ќе продолжат и во зависност од нивните резултати во следните 48 часа Првомајскиот регионален суд во Бишкек ќе ја одреди следната мерка.

Експлоатацијата на наоѓалиштето „Кумтор“ почнало во 1990-тите од минатиот век од страна на канадски инвеститори. За сето ова време, властите во земјата постојано ги разгледувале условите за соработка со канадските партнери. Во мај 2021 година, раководството на Киргистан воведе надворешно управување со ова наоѓалиште и оттаму ефикасно ја отстрани канадската компанија „Центера“. Двете страни изјавија дека ќе почнат судска постапка за ова прашање.

Поранешните киргистански претседатели Аскар Акаев и Курманбек Бакиев добија меѓународни потерници во врска со случајот со рудникот„Кумтор“. Вчера Акаев пристигна во земјата и соопшти дека тоа го направил доброволно и дека е подготвен да соработува со истрагата.

Обвинети во случајот се тројца поранешни премиери – Апас Жумагулов, Омурбек Бабанов и Игор Чудинов, како и братот на поранешниот шеф на државата, Соронбај Женбеков, и поранешниот парламентарен спикер, Асалбек Жeенбеков и најмладиот син на Бакиев, Максим Бакиев. Обвиненијата против некои од нив се отфрлени поради застареност, а другите се уапсени или се бараат.

Коронавирус