Поранешниот лидер на колумбиската бунктовничка група ФАРК Сеуис Ернандес е уапсен под обвинение за заговор за шверц на големи количества кокаин, наменет за САД.
Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос изјави дека нема да се двоуми да потпише наредба за екстрадиција во САД за поранешниот лидер познат и како Хесус Сантрич, доколку во судски процес се презентираат убедливи докази против него.
Слепиот бунтовнички лидер беше уапсен во неговата резиденција во Богота. Се смета дека тој и негови тројца соработници планирале да внесат во САД неколку тони кокаин, во вредност од најмалку 15 милиони долари. Тие се „пофалиле“ дека имаат пристап до лаборатории за производство на наркотици и авиони регистрирани во САД со кои можат да ја достават дрогата.
Според мировниот договор со ФАРК од 2016 година, партијата која стана наследничка на воената формација доби загарантирани десет пратенички места во парламентот. Едно од нив беше наменето за Сантрич. ФАРК ја обвини Владата дека се обидува да го саботира мировниот договор.