сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 13
home Вести

Уапсен поранешен шеф на кабинетот на премиерот, осомничен е за убиство

Уапсен поранешен шеф на кабинетот на премиерот, осомничен е за убиство

Поранешниот шеф на кабинетот на премиерот на Малта, Кит Шембри е уапсен во рамките на истрагата за убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција во 2017-та година.

Шембри вчера поднесе поставка под притисок поради наводните финансиски врски со бизнисменот Јорген Фенеч кој минатата седмица исто така беше уапсен на неговата луксузна јахта во рамките на истата истрага.

Малтешката полиција не соопшти зошто Шембри е уапсен, ниту дали се води како осомничен во овој случај, а исто така ниту Шембри, ниту пак бизнисменот Фенеч јавно се немаат огласено во врска со тоа, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

Бизнисменот Фенеч беше уапсен еден ден подоцна откако зад решетки заврши наводниот посредникот во нарачката на убиството, Мелвин Теума. Тој во понеделникот доби помилување од претседателот на Малта во замена за информации кои ги открил за случајот.

Три лица ги очекува судење поради поставувањето на бомбата, а според полициски извори, во изминатата седмица дошло до голем напредок во истрагата околу тоа кој го нарачал убиството на истражувачката новинарка.

Дафне Каруана Галиција која беше една од најпознатите истражувачки новинарки во Малта беше брутално ликвидирана со автомобил бомба на 16-ти октомври 2017-та година. Таа редовно на својот блог пишуваше за разни корупциски афери поврзани со бизнис и политичката елита на медитеранскиот остров.

Нејзиното убиство ја шокираше Европа и беше ставено под знак прашалник владеењето на правото на Малта, инаку земја членка на Европската унија.

 

Коронавирус